Меркел: „Турско-германскиот универзитет извонреден пример за соработката меѓу двете земји“

Студентите на универзитетот ќе одиграат значајна улога во зајакнувањето на односите меѓу двете земји

1346802
Меркел: „Турско-германскиот универзитет извонреден пример за соработката меѓу двете земји“

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека „Турско-германскиот универзитет претставува извонреден пример за соработката меѓу двете земји“.

Германската канцеларка Меркел во рамките на работната посета на Истанбул заедно со претседателот Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на свеченото отворање на новите згради на Турско-германскиот универзитет.

Меркел во говорот во оваа прилика рече дека „студентите на универзитетот освен тоа што ќе имаат можност да самите да се унапредуваат, исто така ќе дадат допринес во напредокот на заедниците на кои припаѓаат. Студентите на универзитетот ќе одиграат значајна улога во зајакнувањето на односите меѓу двете земји“.

Меркел потенцираше на значењето на дијалогот на граѓанското општество што ќе се воспостави со посредство на образованието и додаде дека турско-германската соработка во сферата на науката датира од поодамна.

Меркел меѓудругото посочи и на помошта и поддршката на Турција на милиони сириски бегалци, изразувајќи благодарност и почит за напорите на Турција на тоа поле.

„Овие напори на Турција ја зголемија надежта на Сиријците и кога ќе се вратат во својата земја ќе поседуваат голем потенцијал за повторната изградба на Сирија“ рече Меркел.

Меркел ја изнесе решителноста за продолжување на соработката во иднина за образование на сириските бегалци и во тие рамки подвлече на поддршката на ЕУ и Германија на Турција.

„Со отворањето на овој кампус во рамките на Турско-германскиот универзитет кој функционира од 2013 година наваму се планира да студираат околу 5 илјади студенти. Турско-германскиот универзитет претставува извонреден пример за соработката меѓу Турција и Германија. Овој кампус освен тоа што ја симболизира отвореноста на студентите кон надвор, исто така го симболизира и турско-германското партнерство“ подвлече Меркел.



Слични вести