Кралицата Елизабета II го ратификуваше Законот за Брегзит

Според Договорот Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ, Велика Британија до 31 декември де факто ќе биде во составот на Унијата

1346396
Кралицата Елизабета II го ратификуваше Законот за Брегзит

Со ратификувањето на предлог-законот за официјално одвојување на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари од страна на кралицата Елизабета II, законот стапи на сила.

По брзото поминување на предлог-законот низ Долниот дом, со мали измени од страна на Горниот дом, предлог законот повторно беше вратен на разгледување.

Премиерот Борис Џонсон, искористувајќи го мнозинството во Долниот дом ги откажа измените и повторно го испрати до Горниот дом.

Според Договорот Брегзит кој беше постигнат меѓу Велика Британија и ЕУ, Велика Британија до 31 декември де факто ќе биде во составот на Унијата, но нема да има активно учество во политичките одлучувачки механизми на унијата. Во текот на овој преоден период страните ќе водат сеопфатни преговори за постигнување Договор за слободна трговија.

Во случај Велика Британија бара да се продолжи процесот на транзиција, тоа ќе треба да го направи најдоцна до јуни. Владата на Џонсон претходно имаше најавено дека нема да достават барање за продолжување на периодот на транзиција, а исто така објави дека без оглед на тоа дали ќе се постигне или не било каков договор, Велика Британија на 31 декември целосно ќе се одвои од ЕУ.

На гласањето за одвојувањето на Велика Британија од ЕУ во 2016 година, 52 отсто од граѓаните гласаа за одвојувањето на земјата, додека 48 отсто гласаа против.



Слични вести