Во руските напади на Идлиб загинаа најмалку 26 цивили

Екипите за цивилна заштита (Бели шлемови) продолжуваат со активностите за пребарување и спасување

1345186
Во руските напади на Идлиб загинаа најмалку 26 цивили

Во воздушните напади на руските воздушни сили на населените места во зоната на деескалација во Идлиб беа убиени најмалку 26 цивили.

Според податоците на опозициониот центар за набљудување на авионите, вчера наутро руските борбени авиони ги бомбардираа селата Бара, Бсида и Масарин во близината на Идлиб како и селата Кефер Даел, Мансура, Кефер Теал, Ирхаб, Такад, Шамико, Индоми, Џидраја, Кефер Наха, Терманин и Кефер Нуран на западната страна на Алепо.

Според извори од екипите за цивилна заштита (Бели шлемови), во бомбардирањето на селото Бара кај Идлиб згаинаа 2, во селото Кефер Теал западно од Алепо 9 членови на едно исто семејство од кои 6 деца, во Такад е, во Џидраја 2, во Терманин 1, во Кефер Наха 2, во Ирхаб 1, во Кефер Нуран 8, вкушно 26 цивили.

Додека екипите за цивилна заштита од една страна продолжуваат со активностите за пребарување и спасување, од друга страна интервенираат врз пожарите. Се стравува од натамошно зголемување на бројот на загинатите бидејќи и натаму продолжуваат нападите.



Слични вести