Рускиот претседател Путин ја одобри новата влада

Своите позиции ги задржаа шефот на дипломатијата, министерот за одбрана, министерот за енергетика, министерот за внатрешни работи

1345051
Рускиот претседател Путин ја одобри новата влада

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата влада на премиерот Михаил Мишустин.

Во новиот кабинет кој Путин го одобри предлогот на новоименуваниот премиер Мишустин, своите позиции ги задржаа шефот на дипломатијата Сергел Јавров, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, министерот за енергетика Александр Новак, министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев, додека се променија министрите на останатите министерства.

Првиот вицепремиер и министер за финансии на Русија Антон Силуанов ја задржа функцијата министер за финансии, додека на позицијата прв вицепремиер беше назначен Андреј Белоусов, советникот за економија на Путин.

Во новата влада на местото на досегашниот министер за економски развој Максим Орешкин е назначен Гувернерот на Перм Максим Решетников.

Бројот на вицепремиерите во новата влада од 10 се намали на 9. Покрај Белоусов, новите вицепремиери во кабинетот се Дмитри Григоренко, Јури Трутнев, Викторија АБрамченко, Јуриј Борисов, Татјана Голикова, Алексеј Оверчук, Марат Куснулин и Дмитри Чернишенко.

На местото на досегашната министетрка за спорт Олга Матјицин беше именувана Олга Љубимова, додека на местото на министерот за правда Константин Чујченко.

Путин на првиот состанок со новиот кабинет им посака успех на новите членови, додека премиерот Мишустин рече дека што поскоро треба да се спроведат предвидените задачи за зголемување на нивото на здравствените услуги и просперитетот на населението.



Слични вести