По Берлинската конференција за Либија, силите на Хафтар го прекршија примирјето

Во минофрлачките напади на силите на Хафтар беа погодени цистерните за превоз на нафта, избувна пожар и над небото на главниот град се крена црн чад

1343575
По Берлинската конференција за Либија, силите на Хафтар го прекршија примирјето

По меѓународната конференција во Берлин за постигнување трајно примирје и започнување на политичкиот процес за изнаоѓање мир во Либија, во Триполи одекнаа експлозии.

Абулмалик ал-Медени, портпаролот на операцијата „Бесен вулкан“ која ја реализираат силите на легитимната Влада на национално единство во Либија во изјавата за Агенцијата Анадолија (АА) рече дека силите на Калифа Хафтар со истрелување минофрлачки гранати, го прекршија примирјето.

Во период кога инволвираните страни во Либија и меѓународната заедница се собраа во Берлин и одржаа конференција, силите на Калифа Хафтар во текот на вчерашниот ден истрелуваа минофрлачки гранати врз подрачјето Халатат и го прекршија примирјето.

Во минофрлачките напади на силите на Хафтар беа погодени цистерните за превоз на нафта, избувна пожар и над небото на главниот град се крена црн чад.



Слични вести