Лавров. „На Берлинската конференција не е постигнат одлучен и сериозен дијалог меѓу страните“

Русија ја почитува декларацијата, но за жал продолжуваат разликите во погледите меѓу страните

Лавров. „На Берлинската конференција не е постигнат одлучен и сериозен дијалог меѓу страните“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека „Иако Берлинската конференција беше многу корисна, за жал не беше постигнат одлучен и сериозен дијалог меѓу страните во Либија“.

По конференцијата во Берлин, рускиот министер Лавров одржа прес конференција за руските медиуми.

Лавров рече дека „Русија ја почитува декларацијата, но за жал продолжуваат разликите во погледите меѓу страните. Општо гледано конференцијата беше од голема корист. Секако дека конечната одлука ќе ја донесат самите Либијци. За жал страните во Либија сеуште не можат да постигнат одлучен и сериозен дијалог. Постојат големи разлики во приодите и ставовите на страните.

Предлозите кои беа предложени од страна на меѓународната заедница во декларацијата во одредена мера ги задоволува барањата на страните. Се надеваме дека страните ќе седнат на преговарачката маса и ќе најдат сили да постигнат договор“ рече Лавров.



Слични вести