Започна Самитот за Либија во Берлин

Во германскиот главен град Берлин се состанаа околу иста маса 12 земји и 4 мултинационални организации, а си цел да се воспостави прекин на огнот и да се изнајде политичко решение за кризата во Либија

Започна Самитот за Либија во Берлин

Во главниот град на Германија, Берлин, започна самитот  со кој се има за цел да се воспостават прекинот на огнот и мирот во Либија.

За Либија кадешто се продлабочува кризата и каде меѓународната заедница е поделена на два дела, се собраа околу иста маса, 12 земји и 4 мултинационални организации. 

Цел на Конференцијата за Либија во Берлин е да се воспостави прекин на огнот и да се придонесе кон политичко решение во Либија.

На конференцијата покрај земјата домаќин Германија, учествуваат Турција, САД, Русија, Велика Британија, Франција, Обединетите Арапски Емирати, Италија, Египет, Алжир, Конго, како и Обединетите нации (ОН), Европската унија (ЕУ) и Арапската лига (АЛ). 

Меѓу поканетите на конференцијата се наоѓаат и инволвираните страни во кризата, премиерот на меѓународно признатата Влада на национално единство Фајез ал Сараџ и пучистот Халифа Хафтар кој го држи под контрола источниот дел на земјата. 

Земји кои го поддржуваат пучистот Хафтар се Франција, Обединетите Арапски Емирати и Египет.

САД не презентираат одреден јасен став по прашањето со Либија, додека се знае влијанието и на Русија над Хафтар. 



Слични вести