Во напад со возило бомба во Сомалија се ранети 17 лица од кои 6 турски граѓани и 11 Сомалијци

Во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, беше извршен напад со возило бомба чија цел беа турски претприемачи и притоа беа ранети 17 лица од кои 6 турски граѓани и 11 Сомалијци

1343213
Во напад со возило бомба во Сомалија се ранети 17 лица од кои 6 турски граѓани и 11 Сомалијци

Во Афгоје во северозападниот дел на главниот град на Сомалија, Могадишу, на место каде што ручале турски претприемачи и сомалиската полиција, експлодира возило бомба.

Во терористичкиот напад беа ранети 17 лица од кои 6 турски граѓани и 11 Сомалијци.

Здравствената состојба на двајца од ранетите турски граѓани е тешка. 

Ранетите беа префрлени на лекување во Болницата за обука и истражување Реџеп Тајјип Ердоган во Могадишу. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената порака на својот официјален профил преку социјалната медија истакна дека нападот уште еднаш го изнесе грозното лице на тероризмот. 

Чавушоглу во пораката напиша: "Овие подли напади никако нема да не застрашат во нашата борба против тероризмот."

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: "Им посакувам побрзо оздравување на нашите ранети работници и на надлежните на фирмата во извршениот напад на градилиштето на нашата претприемачка фирма која работи на проект во Сомалија. Работиме заедно со сите наши надлежни институции за донесување во нашата земја на нашите ранети."

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана пак, се  вели следното: "Најостро го осудуваме и проколнуваме бомбашкиот терористички напад чија цел беа невини цивили во Сомалија."



Слични вести