Повик од италијанскиот премиер Џузепе Конте за постигнување траен прекин на огнот во Либија

Италијанскиот премиер Џузепе Конте упати повик за воспоставување на траен прекин на огнот, како прв чекор за дијалогот за изнаоѓање политичко решение за кризата во Либија

1342656
Повик од италијанскиот премиер Џузепе Конте за постигнување траен прекин на огнот во Либија

Според официјалната новинска агенција на Алжир, италијанскиот премиер Џузепе Конте во рамките на својата остварена официјална посета на Алжир се состана со претседателот Абдулмеџид Тебун.

Конте упати повик за воспоставување на траен прекин на огнот, како прв чекор за дијалогот за изнаоѓање политичко решение за кризата во Либија.

Велејќи дека вложуваат заеднички напори со Алжир за Конференцијата за Либија што ќе се одржи во главниот град на Германија, Берлин, на 19 јануари, во недела, Конте рече дека на остварените разговори е направена проценка на сите алтернативи коишто се појавуваат за изнаоѓање мирољубиво и политичко решение за кризата во Либија.

Инаку, претходно германската канцеларка Ангела Меркел достави покана за учество на ниво на претседатели на држави и премиери на влади на Конференцијата за Либија што ќе се одржи на 19 јануари, во недела.

Како што беше истакнато, на Конференцијата за Либија во Берлин покрај земји како што се САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Република Конго, Италија, Египет, Алжир, ќе учествуваат и претставници на Обединетите нации (ОН), Европската унија (ЕУ) и Арапската лига (АЛ).

На конференцијата исто така се поканети и премиерот на легитимно признатата влада од страна на Обединетите нации (ОН) Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ и лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на земјата Халифа Хафтар.



Слични вести