Половината од генерацијата „Y“ загрижена од можноста за војна во светот

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) соопшти дека приближно половината од генерацијата „Y“ веруваат во тоа оти е голема веројатноста од појава на војна којашто ќе доведе до катастрофа во светот

1342476
Половината од генерацијата „Y“ загрижена од можноста за војна во светот

Половината од генерацијата „Y“ (или милениjaлците) се загрижени од можност за избувнување војна во светот...

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) соопшти дека приближно половината од поколението „Y“ веруваат во тоа оти е голема веројатноста од појава на војна којашто ќе доведе до катастрофа во светот.

Организацијата го објави својот извештај во кој се внесени резултатите од истражувањето под наслов „Генерацијата Y и војната“ и кој се состои од одговорите коишто ги дале 16 илјади лица на од 25 до 30 годишна возраст кои се оценуваат како генерација „Y“ од 16 земји во светот, на поставените прашања во врска со војната.

Според извештајот, 47 отсто од испитаниците сметаат дека постои веројатност од појава на трета светска војна во текот на нивниот живот, додека 74 отсто мислат дека војните можат да се спречат. 

84 отсто од овие лица употребата на нуклеарно оружје го оценуваат за „апсолутно неприфатливо“, а 54 отсто веруваат дека веројатноста од нуклеарен напад во наредните 10 години е поголема од веројатноста да не се случи такво нешто.



Слични вести