Писмо од Хафтар до Путин: Спремен сум да дојдам во Русија за продолжување на преговарачкиот процес

Во објавеното соопштение од сервисот за печат на Кремљ се истакнува дека Хафтар му испратил писмо на рускиот претседател Владимир Путин во кое го напишал следното: „Спремен сум да дојдам во Русија за продолжување на преговарачкиот процес“

Писмо од Хафтар до Путин: Спремен сум да дојдам во Русија за продолжување на преговарачкиот процес

Лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар сака да ја посети Русија за продолжување на мировните разговори.

Во објавеното соопштение од сервисот за печат на Кремљ се истакнува дека Хафтар му испратил писмо на рускиот претседател Владимир Путин.

Според ова соопштение, во писмото на Хафтар се вели следното: „Благодариме за разговорите коишто беа водени во Москва за воспоставување на мирот во Либија и целосно ги поддржуваме. Прифаќајќи ја вашата покана за продолжување на започнатиот преговарачки процес спремни сме да ја посетиме Русија.“

Инаку, лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, пред неколку дена ја напушти Русија без претходно да го потпише договорот којшто беше подготвен на почетокот на неделата по остварените разговори за прекин на огнот кои беа остварени во Москва под надзор на Турција и Русија.



Слични вести