Парамилитарната група „Вагнер“

Анализа на Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА)

1342814
Парамилитарната група „Вагнер“

Парамилитарната група „Вагнер“

Во последните години можеме да видиме дека во зоната на судири, особено на Блискиот Исток државите преферираат да ги користат приватните платени војски како посреднички сили, за да самите не директно влезат во меѓусебни судири. Иако американската компанија Блекватер е првата која паѓа на ум, кога ќе го споменеме овој вид на групи, тогаш руската организација Вагнер доаѓа до поголем израз во поголем број зони на судири. Русија со посредство на компанијата Вагнер ги поддржува сите сојузнички сегменти на терен и се обидува да го прошири подрачјето на своето влијание во Сирија, Либија, централна Африка па дури и далечните земји како што е Венецуела.

Денес променливата природа на војните и судирите, и таканаречената приватизација на безбедносните и одбранбени сили во овој контекст и врската на овие безбедносни структури со пазарот, ги обликуваат новите војни. Појавата на приватните воени компании и нивната употреба од страна на многу развиени земји и земјите во развој, денес се само резултат на овој процес. Како земјите почнаа да делуваат заедно со приватниот сектор, така и приватните воени компании почнаа да учествуваат во војни и да ги користат безбедносните и одбранбени политики.

Ширењето на употребата на руските приватни воени и безбедносни компании покрај постоечките американски и нивните активности на Блискиот Исток и во Северна Африка, го привлекоа меѓународно интересирање. Најпозната од овие компании е групата Вагнер. Како невладина вооружена групација, компанијата активно е вклучена во граѓанските војни во Сирија и Либија.

Постои силно убедување дека сопственик на компанијата Вагнер е познатиот бизнисмен Јевгениј Пригожин кој го има прекарот „Готвачот на Путин“ поради неговите блиски односи со Кремљ, бидејќи неговата компанија „Конкорд фуд катеринг“ доставува храна за Кремљ. Исто така може да се рече дека воениот профил на групата ја сочинуваат поранешни војници на возраст од 35 до 50 години, претежно од Централна Азија, Балканот и Кавказ. Истражувањата покажуваат дека поголемиот број од воениот персонал на оваа група војуваа и во Чеченија, Грузија и другите региони и дека поголемиот број членови кои имаат воено искуство, а кои поради финансиски тешкотии не можат да одржат чекор со нормалниот живот на цивилите. Иако групата Вагнер нема редовен персонал, вкупниот број на војници се проценува дека изнесува некаде околу 5 илјади.

Познато е дека групата Вагнер за која се претпоставува дека има значајна улога на терен по военото учество и ангажираност на Русија во Сирија, од септември 2015 година наваму е вклучена во различни активности во сириските судири.

Покрај заштитата на стратешките објекти и наоѓалишта на природен гас (плин) и нафта, утврдено е дека активно учествуваа во борбените судири во различни делови на Сирија. Русија бара предностите со кои се стекна во Сирија да ги продолжи и во Источниот Медитеран и во Африка, и во тој контекст ја искористи празнината која се формираше на фронтот на силите на генералот Хафтар и стана еден од највлијателните актери на војната во Либија. На почетокот на 2020 година, стана и предводник на процесот на примирје меѓу силите на Владата на национално единство во Либија и силите на Хафтар. Како резултат на сето тоа, во период кога војните и динамизмот на судирите се промени, Русија се обидува да се прилагоди кон новиот процес и да се стекне со оперативен простор со посредство на компаниите како што е Вагнер.

Автор на програмата е Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести