Нов копнен напад од Асадовиот режим врз западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо

Режимските сили составени од војската на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, реализираат жестоки бомбардирања од копно врз цивилните населени места во западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо

1342720
Нов копнен напад од Асадовиот режим врз западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо

Режимот на Бешар Асад и странските терористички групи поддржани од Иран започнаа нов копнен напад во западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо кој се наоѓа во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Режимските сили составени од војската на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран, реализираат жестоки бомбардирања од копно врз цивилните населени места во западните и јужните рурални подрачја на Алепо, како и врз позициите на опозиционерите на фронтовата линија.

Сиве овие наведени терористички групи минатата недела од градовите Алепо, Деир ез-Зор, Хама и Латакија почнаа да натрупуваат дополнителни сили на западните и јужните рурални подрачја на градот Алепо и ги завршија своите подготвки за започнување на нов напад.

Во подрачјето беа испратени воени елементи составени од Иранската Револуционерна гарда, Бригадите „Кудс“, 104. Бригада и Силите Гајс од 4. дивизија, голем број тенкови и оклопни возила.

Вчерашните напади врз руралните подрачја на градот Алепо беа поддржани и од руски воени авиони.

Руските авиони учествуваа и во вчерашните и денешните бомбардирања врз населеното место Маратунуман во јужниот дел на подрачјето на градот Идлиб.

 



Слични вести