Не престануваат протестите против пензиската реформа на Макрон во Франција

Според податоците на француското министерство за внатрешни работи, на вчерашните протести во земјата учествуваа 187 илјади лица од кои 23 илјади во главниот ргад Париз

1342442
Не престануваат протестите против пензиската реформа на Макрон во Франција

Во период кога се уште продолжуваат штрајковите коишто беа започнати во Франција против планот за реформа на пензискиот систем на претседателот Емануел Макрон, вчера повторно беа одржани протести во оваа земја.

Демонстрантите кои на повик на синдикатите се собраа во квартот Монпарнас во главниот град Париз, маршираа до плоштадот Италија.

Учесниците на протестот носеа транспаренти со слогани против управата на Макрон и истакнаа дека се решителни по прашањето на повлекување на реформата на пензискиот систем.

Во објавеното соопштение од Дирекцијата на полицијата во Париз за време на вчерашниот протест во главниот град се притворени 11 лица.

Вчера, освен во главниот град Париз протести против планот за реформа на пензицискиот систем на управата на претседателот Емануел Макрон, беа одржани и во други градови низ земјата.

Според податоците на француското министерство за внатрешни работи, на вчерашните протести во земјата учествуваа 187 илјади лица од кои 23 илјади во главниот град Париз.

Во период кога започнатите штрајкови против реформата на пензискиот систем во Франција влегоа во 43-от ден, се доживуваат сериозни проблеми во здравствените услуги и транспортот што пак доведува до парализирање на животот во голем број градови во земјата, а пред се во главниот град Париз.

Синдикатите, за протестирање против планот за реформа во пензискиот систем на управата на претседателот Макрон, претходно упатија повик за одржување на генерален штрајк во целата земја на 24 јануари.



Слични вести