Франција го испраќа носачот на авиони „Шарл Де Гол“ во регионот на Блискиот исток

Францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот организиран за војниците во градот Орлеанс по повод новата година, истакна дека бродот носач на авиони „Шарл де Гол“ до април ќе биде на задача во регионот на Блискиот исток

1342282
Франција го испраќа носачот на авиони „Шарл Де Гол“ во регионот на Блискиот исток

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека носачот на авиони „Шарл Де Гол“ ќе биде испратен на Блискиот исток.

Макрон на состанокот организиран за војниците во градот Орлеанс по повод новата година, истакна дека бродот носач на авиони „Шарл де Гол“ до април ќе биде на задача во регионот на Блискиот исток со цел поддршка на операцијата „Шамал“.

Велејќи дека носачот на авиони истовремено ќе се користи и во заедничките операции кои што ќе се реализираат со европските земји, францускиот претседател Емануел Макрон застана во одбрана на тоа дека расте заканата од терористичката организација ДЕАШ. 

Да потсетеме дека, францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ со капацитет за 24 борбени авиони „Рафал“ беше испратен во Источниот Медитеран и по реализираните терористички напади во главниот ргад на Франција Париз на 17 ноември 2015 година во кои загинаа 1340 лица и одговорноста за овие напади ја презеде терористичката организација ДЕАШ. Истиот брод носач на авиони минатата година беше на задача и во Јужното Кинеско Море.

Инаку, Франција, операцијата „Шамал“ ја започна на 19 септември 2014 година против заканата од ДЕАШ во Ирак и тоа особено со реализирање на воздушни напади, а потоа оваа операција беше проширена со тоа што беше опфатена заканата од ДЕАШ и во Сирија.



Слични вести