Во нападите на Асадовите сили и Русија врз Идлиб во последните два и пол месеци загинаа 313 цивили од кои 100 деца

Во нападите на војската на Бешар Асад, странските терористички групи поддржани од Иран и Русија врз Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб од почетокот на месец ноември 2019 година досега загинаа 313 цивили од кои 100 деца, 1.843 цивили се ранети

1341989
Во нападите на Асадовите сили и Русија врз Идлиб во последните два и пол месеци загинаа 313 цивили од кои 100 деца

Во реализираните напади од страна на Асадовите режимски сили и Русија врз подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во последните два и пол месеци животот го загубија 313 цивили од кои 100 деца.

Во нападите на војската на Бешар Асад, странските терористички групи поддржани од Иран и Русија врз Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб од почетокот на месец ноември 2019 година досега загинаа 313 цивили од кои 100 деца, 1.843 цивили се ранети, а бројот на лицата кои ги напуштија своите домови и се раселија изнесува над 382 илјади лица.

Според добиени информации од невладината организација „Координација за интервнеција на Сирија“ којашто води активности во врска со податоците за миграцијата во подрачјето, во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб од почетокот на месец ноември 2019 година досега биле приморени на иселување 382.466 цивили, односно приближно 67.104 семејства.

Во истиот период, односно во последните два и пол месеци, загинаа 313 цивили од кои 100 деца, а 1.843 цивили се ранети.

Освен тоа, во нападите се погодени 48 џамии, 3 центри за цивилна одбрана, 1 амбулантно возило и 9 медицински екипи, 15 здравствени објекти, 11 шаторски населби, 8 резервоари за вода, 51 училиште и 14 пазари.

Во нападите е причинета материјална штета во износ од 322 милиони долари.



Слични вести