Путин за нов премиер го предложи Михаил Мишустин

Мишустин е роден 1966 година во Москва и д 2020 година се наоѓа на чело на Федералната даночна служба на Русија

1341716
Путин за нов премиер го предложи Михаил Мишустин

Рускиот претседател Владимир Путин за нов премиер на местото на Дмитриј Медведев го предложи Федералната даночна служба на Русија Михаил Мишустин.

Според соопштението кое беше објавено од страна на кабинетот на претседателскиот дворец Кремљ, Путин на средбата со Мишустин му предложи да биде премиер.

Мишустин го прифати предлогот на Путин кој веднаш овој предлог го достави и до Долниот дом Дума на рускиот парламент.

Во соопштението кое беше објавено од страна на прес центарот на Дума, гласањето во врска со предлог кандидатурата на Мишустин ќе се гласа денес.

Досегашниот премиер Дмитриј Медведев, вчера оставката му ја поднесе на Путин кој истата ја одобри.

Мишустин е роден 1966 година во Москва и од 2010-та година се наоѓа на чело на Федералната даночна служба на Русија.



Слични вести