Михаил Мишустин стана нов премиер на Русија

Со потпишаниот указ од страна на претседателот Владимир Путин, Михаил Мишустин кој ја извршуваше функцијата шеф на руската даночна администрација, стана нов премиер на Русија

1342204
Михаил Мишустин стана нов премиер на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин за нов премиер го назначи Михаил Мишустин.

Со потпишаниот указ од страна на Путин, Мишустин кој ја извршуваше функцијата шеф на руската даночна администрација, стана нов премиер на Русија.

Кандидатурата на Мишустин за премиер беше прифатена на гласањето што се одржа денеска во Долниот дом на рускиот Парламент, Државната Дума.

На гласањето на вонредната седница на Думата учествуваа 424 пратеници.

383 пратеници гласаа за кандидатурата на Мишустин за нов премиер, немаше ниту еден глас против, а 41 пратеник беа воздржани.

Со еден друг претсеадтелски указ потпишан од страна на претседателот Владимир Путин, досегашниот премиер Дмитриј Медведев е назначен за заменик претседател на Советот за безбедност на Русија. 

Инаку, Медведев вчера му ја врачи оставката на владата на претседателот Путин, по што пак Путин ја одобри оставката и за нов премиер на местото на Медведев го предложи шефот на руската даночна администрација Михаил Мишустин.



Слични вести