Асадовиот режим и покрај прекинот на огнот напредува од копно во Идлиб

Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран со поддршка и на Русија од воздух, во раните утрински часови започнаа операција кон источниот дел на подрачјето на ргадот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1342109
Асадовиот режим и покрај прекинот на огнот напредува од копно во Идлиб

Режимот на Бешар Асад и покрај прекинот на огнот во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, продолжува да зазема нови места и да напредува од копно во подрачјето.

Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран со поддршка и на Русија од воздух, во раните утрински часови започнаа операција кон источниот дел на подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Режимските сили, по жестоки судири ги зазедоа селата Мувејха и Ебу Џириф коишто беа под контрола на воените опозиционери.

Од друга страна, според Авионската опсерваторија на опозиционерите, Русија реализира воздушен напад врз населеното место Маратинуман и селото Бинин во подрачјето на градот Идлиб и врз селата Ајн Џера и Кефер Наха во западниот дел на Алепо. 

Воедно и воени авиони на режимот ги бомбардираа населеното место Маратинуман и местата Ихсим и Кеферума.

Исто така и во вчерашните напади на Асадовиот режим поддржани и од Русија загинаа 15 цивили, а најмалку 50 мина беа ранети.



Слични вести