Вооружен судир во Демократска Република Конго: Има голем број загинати и ранети

Во источниот дел на Демократска Република Конг дојде до вооружен судир помеѓу армијата и вооружената група Маи Маи Јакутумба при што загинаа 18 лица, од кои 8 деца, повеќе од 100 деца се водат како исчезнати, а 10 лица се ранети

1340961
Вооружен судир во Демократска Република Конго: Има голем број загинати и ранети

Во вооружен судир помеѓу армијата и милициските сили во источниот дел на централноафриканската држава Демократска Република Конго загинаа 18 лица, од кои 8 деца, повеќе од 100 деца се водат како исчезнати, а 10 лица се ранети.

Според вестите во националниот печат, дојде до вооружен судир помеѓу вооружената група Маи Маи Јакутумба која се обидува да ја воспостави контролата над еден рудник во месноста Саламабила во областа Маниема и армијата на Демократска Република Конго.

Во вооружениот судир загинаа 18 лица од кои 8 деца, а 10 лица се ранети.

Армиските сили неутрализираа четворица припадници на милициските сили, а двајца припадници беа приведени.

Локални извори ја споделија информацијата дека во областа кадешто дошло до вооружен судир се водат како исчезнати и приближно 100 деца.



Слични вести