Повик од шиитскиот лидер Садр за одржување на „милионски протест“ против присуството на САД во Ирак

Лидерот на Движењето Садр во Ирак Муктеда ес-Садр истакна дека силите на САД го прекршуваат воздушниот простор и суверенитетот на Ирак и упати повик за одржување на „милионски протест“ против присуството на САД во земјата

1341249
Повик од шиитскиот лидер Садр за одржување на „милионски протест“ против присуството на САД во Ирак

Лидерот на Движењето Садр во Ирак Муктеда ес-Садр упати повик за одржување на „милионски протест“ против присуството на Соединетите Американски Држави (САД) во Ирак.

Садр во објавеното соопштение на својот официјален профил преку социјалната медија истакна дека силите на САД го прекршуваат воздушниот простор и суверенитетот на Ирак и упати повик за одржување протест против присуството на САД во земјата.

Шиитскиот лидер рече дека по одржувањето на овој протест ќе следат поразличен политички став и во Парламентот.

Во врска со датумот на одржување на тој протест пак, Садр не сподели одредена информација.

Во меѓувреме, поддршка на повикот на Садр за „милионски протест“ пристигна и од командантот на Бригадите Бедир на шиитските милициски сили Хашди Шаби во Ирак Хади Амири.

Хади Амири кој инаку е познат по блискоста со Иран и како лидер на Коалицијата Фатах во ирачкиот Парламент, во објавеното писмено соопшштение истакна дека не ја прифаќаат окупацијата на САД на Ирак и дека земјата треба да се стекне целосно со својот национален суверенитет и на копно и во воздух.

Коалицијата Саирун на чело со Муктеда ес-Садр со 54 пратеници е најголема партија во ирачкиот Парламент, а втора е Коалицијата Фатах која располага со 47 пратеници. 

Инаку, ирачкиот Парламент на својата одржана вонредна седница на 5 јанаури донесе одлука за ставање крај на военото присуство на сите странски сили во земјата, вклучувајќи ги и САД.

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат Морган Ортагус пак, соопшти дека на дневниот ред на неговата земја не се наоѓа „повлекувањето од Ирак“. 

Во 9 воени бази во различни делови на Ирак моментално се наоѓаат приближно 5.200 американски војници.



Слични вести