Поради птичји грип во Полска се уништени повеќе од 100 илјади живина

Канцеларијата за ветеринарство на Полска соопшти дека вирусот на птичји грип (Х5Н8) се проширува со голема брзина во земјата поради што се уништени повеќе од 100 илјади живина

1340866
Поради птичји грип во Полска се уништени повеќе од 100 илјади живина

Поради птичји грип (Х5Н8) во Полска се уништени повеќе од 100 илјади живина. 

Во објавеното соопштение од Канцеларијата за ветеринарство на Полска се истакнува дека вирусот на птичји грип тип Х5Н8 се проширува со голема брзина и за спречување на тоа се уништени повеќе од 100 илјади живина.

Поради појавата на птичји грип Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Сингапур, Хонгконг и Јужноафриканската Република го сопреа целосно увозот на живина и јајца од Полска, додека земји како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Украина и Белорусија ќе го продолжат увозот со различни ограничувања.



Слични вести