Милициските сили на Хафтар извршија ракетни напади врз областите јужно од главниот град Триполи
Портпаролот на легитимната и меѓународно призната Влада на национално единство на Либија Мухамед Кануну истакна дека милициските сили на Хафтар извршија ракетни напади врз областите Салахадин и Ер-Рамле на југот на главниот град Триполи

Милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на илегалните вооружени групи во Либија, реализираа ракетни напади врз областите Салахадин и Ер-Рамле, јужно од главниот град Триполи.
Портпаролот на легитимната и меѓународно призната Влада на национално единство на Либија Мухамед Кануну истакна дека милициските сили на Хафтар извршија ракетни напади врз областите Салахадин и Ер-Рамле на југот на Триполи.
Кануну рече дека платените војници лојални на Хафтар се распоредени во јужниот дел на Триполи и дека над главниот град летаат беспилотни летала на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Велејќи дека силите на Владата на национално единство располагаат со сила да одговорат на нападите на милициските сили на Хафтар, Кануну воедно упати повик до народот кој се исели од јужните делови на главниот град Триполи се додека се водат судири да не се врати во своите домови.
Инаку, договорот за прекин на огнот подготвен на заедничка иницијатива на Турција и Русија, на крајот на остварените разговори завчера во Москва беше потпишан од страна на легитимната и меѓународно призната Влада на национално единство на Либија, додека Халифа Хафтар вчера наутро ја напушти Москва без да го потпише договорот.
Акиле Салих, претседателот на Претставничкото собрание со седиште во Тобрук лојалнно на Халифа Хафтар пак, синоќа соопшти дека „прекинот на огнот заврши и дека војната ќе продолжи“.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји