Единиците на либиската влада чекаат во готовс против евентуалниот напад на силите на Хафтар

Откако Хафтар ја напушти преговарачката маса во Москва и од страна на неговиот политички созјуник во Либија,пристигнуваат изјави дека „прекинот на огнот заврши и дека војната ќе продолжи“, силите на легитимната либиска влада чекаат во готовс

1341368
Единиците на либиската влада чекаат во готовс против евентуалниот напад на силите на Хафтар

Откако Халифа Хафтар, лидерот на илегалните вооружени сили во Либија, стана од преговарачката маса во Русија без да го потпише нацрт текстот на прекинот на огнот во Либија, силите на меѓународно признатата и легална Влада на национално единство на Либија се попставени во состојба на готовс пред евентуален напад.

„Кршливиот“ прекин на огнот во Либија којшто со заедничкиот повик на Турција и Русија стапи на сила на 12 јануари, и покрај одредени изјави, ја зачувува својата валидност.

Откако Халифа Хафтар ја напушти преговарачката маса во Москва и од страна на неговиот политички созјуник во Либија (претседателот на Претставничкото собрание со седиште во Тобрук лојално на Халифа Хафтар, Акиле Салих) пристигнуваат изјави дека „прекинот на огнот заврши и дека војната ќе продолжи“, силите на легитимната Влада на национално единство на Либија чекаат во готовс во и околу главниот град Триполи.

Поради прекинувачите на сигнали коишто ги користат страните за прекинување на меѓусебната комуникација, во регионот не работат и мобилните телефони.

И покрај тоа што прекинот на огнот се уште важи, на фронтовата линија помеѓу страните се слушаат истрели од оружје. 

Силите на Владата на национално единство информираат дека силите на Хафтар реализираат провокативни истрели и повремено стрелаат со хаубици, а воедно раскажуваат дека особено ноќите силите на Хафтар се обидуваат да се префрлат во нивните области.

Силите на либиската влада, за да би ги презеле неопходните контра чекори дискутираат за тоа на кои места се наоѓаат милициските сили на Хафтар и какви чекори се подготвуваат да фрлат.

Силите на Владата на национално единство нагласуваат дека се придржуваат кон прекинот на огнот, меѓутоа дека доколку пристигне одреден потег или напад од спротивната страна, нема да се повлечат и дека се подготвени да ги одбијат нападите.



Слични вести