Трудо: Да не дојдеше до затегнатост во регионот, тие Канаѓани во моментов ќе беа во своите домови со своите семејства

Канадскиот премиер Џастин Трудо покажа реакција против соборувањето на украинскиот патнички авион од страна на Иран во кој се наоѓаа вкупно 176 лица, од кои 167 патници и 9 членови на екипажот и притоа сите го загубија животот

1340424
Трудо: Да не дојдеше до затегнатост во регионот, тие Канаѓани во моментов ќе беа во своите домови со своите семејства

Канадскиот премиер Џастин Трудо даде интервју за телевизискиот канал "Глобал Њуз" (Global News) истакна дека да не беше доживеана затегнатоста во регионот жртвите во несреќата со украинскиот патнички авион за којшто е соопштено дека е срушен од страна на противвоздушно одбранбените системи на Иран, сега ќе беа во живот.

Трудо ја изнесе следната констатација: „Да не беше зголемена затегнатоста во регионот во последно време, тие Канаѓани во моментов ќе беа во своите домови, со своите семејства. Ако сте во судир и војна тоа е нормално. Товарот го поднесуваат невините.“

Велејќи дека Канаѓаните се во голема тага, дека очекуваат јасни одговори по прашањето на тоа како дојде до инцидентот и дека посакуваат да се обезбеди никако да не се доживее вакво нешто, канадскиот премиер Џастин Трудо додаде дека ова барање треба да се слушне мошне внимателно од страна на иранските власти.

Инаку, патничкиот авион од типот Боинг 737 којшто утрото на 8 јануари, во средата, полета од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ за украинскиот главен град Киев, кусо време по полетувањето се сруши и притоа животот го загубија 176 лица колку што се наоѓаа во авионот во сопственост на украинската авиокомпанија.

Генералштабот на Иран соопшти дека патничкиот авион во сопственост на украинската авиокомпанија при лет над една чувствителна воена точка беше соборен „по грешка“ од страна на противвоздушно одбранбениот систем поради човешки фактор. 

Украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристаико соопшти дека во патничкиот авион се наоѓаа 82 државјани на Иран, 63 на Канада, 11 на Украина, 10 на Шведска, 4 на Авганистан, 3 на Германија и 3 државјани на Велика Британија.



Слични вести