Премиерот на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ допатува во Турција

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ, по одржаните разговори вчера во главниот град на Русија, Москва, денеска допатува во Истанбул

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ допатува во Турција

Во случувањата во врска со разговорите за прекинот на огнот во Либија дојде до нов развој.

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ, по одржаните разговори вчера во главниот град на Русија, Москва, денеска допатува во Истанбул.

Сараџ беше примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, пред само два дена (завчера) на 12 јануари, во неделата.

Средбата во работната канцеларија на претседателот Ердоган во сарајот Долмабахче во Истанбул траеше приближно два и пол часа и беше затворена за медиумите. 

На средбата, стана збор за последната ситуација во Либија по повикот за прекин на огнот.

Руското министерство за надворешни работи пред извесно време соопшти дека Халифа Хафтар, лидерот на силите во источниот дел на Либија, ја напушти Москва, без да го потпише текстот на прекинот на огнот за којшто вчера беше постигнат договор.



Слични вести