Лавров: Ќе продолжиме да вложуваме напори за решавање на кризата во Либија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека неговата земја ќе продолжи со напорите за решавање на кризата во Либија

Лавров: Ќе продолжиме да вложуваме напори за решавање на кризата во Либија

Рускиот претседател Сергеј Лавров и министерот за надворешни работи на Шри Ланка Динеш Гунавардена по остварената средба во главниот град Коломбо, одржаа заедничка прес конференција.

Овде Лавров даде значајни изјави во врска со прашањата со Либија и Сирија.

Тој истакна дека неговата земја ќе продолжи со напорите за решавање на кризата во Либија.

Потсетувајќи дека НАТО ја бомбардира Либија во 2011 година, Лавров рече: „Сѐ уште сите ние, а пред сѐ либискиот народ, ги гледаме резултатите од оваа незаконска авантура. Либија сѐ уште не располага со државна структура.“

Лавров потсети дека вчера во Москва беа одржани разговори помеѓу турските и руските делегации и страните во Либија и привлече внимание дека засега не е постигнато конечно решение по прашањето на решавање на либиската криза.

Укажувајќи на тоа дека треба да се обединат напорите за решавање на либиската криза, Лавров рече: „ Ќе продолжуваме да вложуваме напори во таа насока.“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров воедно привлече внимание дека некои групи ги продолжуваат своите активности во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Тој ја изнесе следната констатација: „Голем број терористи одат во Либија за да ја заматат водата. Треба да се реши проблемот во североисточниот дел на Сирија. Овој проблем, се однесува на нелегалното присуство на Америка таму. Америка, го поттикнува сепаратизмот во источниот дел на Еуфрат.“



Слични вести