Хафтар натрупува дополнителни сили за напад врз главниот град Триполи

Хафтар натрупува дополнителни сили во градот Терхуне, во југоисточниот дел на главниот град Триполи и се подготвува за напад

Хафтар натрупува дополнителни сили за напад врз главниот град Триполи

Лидерот на илегалните вооружени сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, натрупува дополнителни сили во Терхуне, во југоисточниот дел на главниот град Триполи и се подготвува за напад.

Според добиени информации од воени извори на Владата на национално единство како легитимно призната управа кај Обединетите нации ОН), било согледано дека во градот Терхуне, во југоисточниот дел на Триполи, којшто се користи како централен штаб на милициските сили на Хафтар, пристигнале оклопните возила и топовите испратени од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Исти извори истакнуваат дека, откако Хафтар најпрвин го прифати прекинот на огнот не беше прекината поддршката којашто му се дава и дека тоа пак става до знаење оти Хафтар го прифатил прекинот на огнот за да се позиционира повторно.

Инаку, договорот за прекин на огнот којшто беше подготвен со заедничка иницијатива на Турција и Русија, беше потпишан во Москва од страна на Владата на национално единство на Либија, додека Хафтар побара да му се даде време од еден ден за да размисли во врска со членовите во текстот и за консултација. 

Руското министерство за надворешни работи денеска во утринските часови соопшти дека Хафтар без да го потпише договорот ја напуштил Москва.

Засега не е објавено одредено официјално соопштение во врска со тоа дали Хафтар се вратил во Либија, но се тврди дека од Москва отпатувал за Египет или Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од чија страна се поддржува воено, политички и финансиски.

Предлогот за прекин на огнот којшто од страна на Турција и Русија им беше доставен на страните во Либија за ставање крај на судирите и за доставување на неопходната хуманитарна помош на народот, предвидува решавање на проблемите во земјата само по пат на дијалог меѓу Либијците.



Слични вести