Израел му се закани на Насралах

По предупредувањето на иранските ефендии во врска со евентуален атентат, Насраллах беше принуден да се симне уште еден кат подолу во засолништето во кое се наоѓа

1340169
Израел му се закани на Насралах

Израелскиот министер за надворешни работи и разузнавање Јизраел Кац рече дека „засолништето во кое се крие, не ќе може да го заштити“ Хасан Нсралах, генералниот секретар на Хезболах во Либан.

Кац во објавата преку профилот на твитер на арапски јазик рече дека Насралах не прекинува со нападите врз израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху и заканите врз Израел.

Израелскиот министер го изнесе ставот дека во период кога се заоструваат тешкотиите и проблемите на Насралах, расте арогантноста.

Кац во продолжение рече:

„По предупредувањето на иранските ефендии во врска со евентуален атентат, Насраллах беше принуден да се симне уште еден кат подолу во засолништето во кое се наоѓа. Ако продолжи со предизвикувањето на Израел, нема да му помогне засолништето“.

Израел тврди дека поради загриженост од атентат, Насралах подолг временски период живее во засолниште.



Слични вести