Бројот на загинатите поради силните врнежи од снег во Пакистан се зголеми на 75 лица

Според објавеното соопштение од Националната агенција за управување со елементарни непогоди (НДМА), поради лавина, лизгање на земјиштето и рушење на покриви во Азад Џаму и Кашмир кој се наоѓа под контрола на Пакистан животот го загубија 75 лица

Бројот на загинатите поради силните врнежи од снег во Пакистан се зголеми на 75 лица

Бројот на загинатите поради силните врнежи од снег во последните 24 часа во Пакистан, се зголеми на 75 лица.

Според објавеното соопштение од Националната агенција за управување со елементарни непогоди (НДМА), поради лавина, лизгање на земјиштето и рушење на покриви во Азад Џаму и Кашмир кој се наоѓа под контрола на Пакистан животот го загубија 75 лица.

19 лица загинаа во лавината којашто падна врз селото Саранган  во Долината Неелум во Кашмир.

Националната агенција за управување со елементарни непогоди (НДМА) соопшти дека во селото коешто било погодено од лавина 4 лица се спасени од под снежните наноси и дека продолжуваат активностите за трагање по уште 10 лица.

Претседателот на Агенција за управување со елементарни непогоди во провинцијата Белуџистан Имран Заркон истакна дека поради силните внрежи од снег од неделата наваму во провинцијата се затворени патиштата и аеродромите за сообраќај.

Во провинциите Белуџистан и Хајбер-Пахтунва поради снегот не може да се воспостави комуникација со голем број населени места.

500 лица кои останаа заглавени по блокираните патишта беа спасени од страна на војската, додека во активностите за спасување во некои области учествуваа и хеликоптери.

И провинцијата Гилгит-Балтистан, како едно од најзначајните туристички места во Пакистан, е подложена на најинтензивните врнежи од снег во последните 50 години.

Како што се истакнува, за патувања коишто ќе бидат реализирани кон планинските предели на провинцијата постои опасност од лавина и лизгање на земјиштето.



Слични вести