Во Москва започнаа разговорите за Либија помеѓу турската и руската делегација

Турција е претставувана од делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  и министерот за национална одбрана Хулуси Акар, а руската страна од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу

1339763
Во Москва започнаа разговорите за Либија помеѓу турската и руската делегација
Turk-rus heyetler, libya, moskova1.jpg
Turk-rus heyetler, libya, moskova2.jpg

Во Москва започна состанокот посветен на Либија на кој од турска страна учествуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу  и министерот за национална одбрана Хулуси Акар, а од руска страна министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

На состанокот во Државниот дом на руското министерство за надворшени работи во Москва ќе се разговара за напорите за воспоставување и постигнување мир и стабилност во Либија.

Во рамките на разговорите, како претставници на инволвираниоте страни во Либија се очекува да се оствари средба и помеѓу премиерот на легитимната Влада на национално единство Фајез ал Сараџ и либискиот генерал пучист Халифа Хафтар.

Дипломатски извори, соопштуваат дека постои веројатност од потпишување на соодветен договор за прекин на огнот помеѓу страните.

Во меѓувреме, турската делегација составена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан во Москва се состанаа со премиерот на меѓународно признатата легитимна Влада на национално единство на Либија Фајез ал Сараџ.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба на 8 јануари, во средата, во Истанбул, упатија повик до страните во Либија за прекин на огнот.

Откако овој повик беше прифатен од страна на Владата на национално единство и силите на Хафтар прекинот на огнот стапи на сила на 12 јануари во 00:01 часот по локално време.



Слични вести