Протестите во Иран против соборувањето на украинскиот патнички авион продолжија и вчера

Беше согледано дека иранските безбедносни сили и Револуционерната гарда презедоа безбедносни мерки и беше интервенирано врз демонстрантите со солзавец и други методи

1339375
Протестите во Иран против соборувањето на украинскиот патнички авион продолжија и вчера

Протестите против режимот во Иран кои што започнаа завчера во главниот град Техеран, во знак на реакција против соборувањето на украинскиот патнички авион, продолжија и во текот на вчерашниот ден.

На одржаните протести на плоштадот Азади во Техеран, демонстрантите извикуваа слогани „Нашиот непријател е овде, лажат велејќи дека тоа се Соединетите Американски Држави (САД)“, „Смрт за диктаторот“, „Не нарекувај ме подбуцнувач, подбуцнувач си ти.“

Беше согледано дека иранските безбедносни сили и Револуционерната гарда презедоа безбедносни мерки и беше интервенирано врз демонстрантите со солзавец и други методи. 

Меѓу учесниците на протестите беше и Фаизе Хашими, ќерката на поранешниот ирански претседател Али Екбер Хашими Рафсанџани.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп упати повик до иранските лидери да не се убиваат демонстрантите.

Трамп во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, застана во одбрана на тоа дека „ионака илјадници лици се убиени или ставени во затвор од страна на иранската управа“.

Трамп напиша: „Светот следи, а позначајно од тоа следат САД. Отворете го интернетот и дозволете да се движат слободно новинарите! Сопрете го убиството на башиот голем ирански народ!“  

Инаку, патничкиот авион од типот Боинг 737 којшто утрото на 8 јануари, во средата, полета од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ за украинскиот главен град Киев, кусо време по полетувањето се сруши и притоа животот го загубија 176 лица колку што се наоѓаа во авионот во сопственост на украинската авиокомпанија.

Управата во Техеран најпрвин се спротивстави на тврдењата дела патничкито авион е погоден со ракета од страна на иранската армија, додека 3 дена по инцидентот призна дека авионот од страна на радарите бил идентификуван како „крстосувачка ракета“ и бил погоден „по грешка“ со ракета од краток дострел.



Слични вести