Повик од Франција, Германија и В. Британија до Иран за целосно придржување кон нуклеарниот договор

Британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претсеадтел Емануел Макрон во објавеното заедничко соопштение истакнаа дека во основа ги споделуваат заедничките безбедносни интереси на своите европски сојузници

1339446
Повик од Франција, Германија и В. Британија до Иран за целосно придржување кон нуклеарниот договор

Франција, Германија и Велика Британија го повикаа Иран да се придржува целосно кон одредбите на нуклеарниот договор и да избегнува од акции на насилство.

Британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претсеадтел Емануел Макрон во објавеното заедничко соопштение истакнаа дека трите земји во основа ги споделуваат заедничките безбедносни интереси на своите европски сојузници.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека едниот од нив е спречувањето на проширувањето на нуклеарното оружје и да се овозможи Иран апсолутно да не развие свое нуклеарно оружје, а воедно се укажува на тоа дека во тие рамки значајна улога одигрува Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) со којшто се регулираат нуклеарните активности на Техеран.

Се потсетува дека трите земји се загрижени од повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор и дека останатите земји Кина, Франција, Германија, Русија и Велика Британија покажуваат одлучност за зачувување на овој договор.

Во соопштението се привлекува внимание на значењето од целосно придржување на Иран кон своите ветувања во рамките на договорот, се нагласува загриженоста од отстапките коишто ги фрла Техеран од јули 2019 година наваму и се бара овие чекори да бидат свретни наопаку.

Во соопштението исто така се нагласува дека последните случувања покажуваат дека Техеран одигрува улога на нарушување на стабилноста во регионот и дека во тоа се вклучени и активностите на Иранската Револуционерна гарда и Силите „Кудс“ поврзани со неја. 

„Не е променета нашата приврзаност кон нашите сојузници во регионот и кон безбедноста на нашите партнери“ - се наведува во заедничкото соопштение на Франција, Германија и Велика Британија и се подвлекува дека грижите во врска со регионалните активности на Иран за нарушување на стабилноста треба да се решат по дипломатски патишта.

„Нашата денешна порака е јасна. Ние ја продолжуваме нашата приврзаност кон Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) и неговото зачувување. Го повикуваме Иран да се врати назад од сите преземени мерки коишто се во спротивност со договорт и повторно целосно да се придржува кон договорт, како и да избегнува од преземање на поголеми акции на насилство или проширување на оружјето.“ - стои во заедничкото соопштение.

Освен тоа во соопштението се ветува дека ќе се работи заедно по прашањето на чекорите коишто ќе бидат фрлени по прифаќањето од страна на Иран дека украинскиот патнички авион е соборен со истрелана ракета.



Слични вести