ЕУ го дочека со задоволство прекинот на огнот во Либија

Од високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли пристигнаа изјави дека се дочекува со задоволство прекинот на огнот во Либија

1339975
ЕУ го дочека со задоволство прекинот на огнот во Либија

Европската унија (ЕУ) соопшти дека воспоставениот прекин на огнот во Либија претставува можност за повторно започнување на дијалогот за изнаоѓање политичко решение.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во споделената порака на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Унијата го дочекува со задоволство воспоставениот прекин на огнот во Либија.

Укажувајќи дека прекинот на огнот ќе обезбеди можност за повторно започнување на дијалогот за изнаоѓање политичко решение во Либија, Борел го изнесе следниот коментар: „Сега сите страни треба да го применуваат прекинот на огнот.“

Жозеп Борел подвлече дека Европската унија (ЕУ) е подготвена да ги поддржи Берлинскиот процес и активностите коишто се водат кај Обединетите нации (ОН), а воедно напомена дека сите Либијци го заслужуваат мирот и просперитетот.

Писмено соопштение по прашањето пристигна и од претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли кој исто така истакна дека го дочекува со задоволство соопштувањето на прекинот на огнот и ја изнесе следната констатација: „Стопирањето на вооружените судири, е првиот чекор во правилна насока. ЕУ за ова вложи големи напори.“

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба на 8 јануари, во средата, во Истанбул, упатија повик до страните во Либија за прекин на огнот.

Откако овој повик беше прифатен од страна на Владата на национално единство и силите на Хафтар, прекинот на огнот стапи на сила на 12 јануари во 00:01 часот по локално време.



Слични вести