Арапската лига го поздрави воспоставениот прекин на огнот во Либија, по повикот на Турција и Русија

Арапската лига (АЛ) во објавеното писмено соопштение упати повик до сите страни во Либија да се придржуваат кон прекинот на огнот и да избегнуваат од преземање на активности кои ќе доведат до зголемување на затегнатоста

1340044
Арапската лига го поздрави воспоставениот прекин на огнот во Либија, по повикот на Турција и Русија

Арапската лига (АЛ) соопшти дека чувствува задоволство од прекинот на огнот во Либија којшто стапи по повикот на Турција и Русија.

Арапската лига (АЛ) во објавеното писмено соопштение упати повик до сите страни во Либија да се придржуваат кон прекинот на огнот и да избегнуваат од преземање на активности кои ќе доведат до зголемување на затегнатоста.

Арапската лига укажа на тоа дека треба да се биде добронамерен за да остане во примена прекинот на огнот, а воедно побара страните инволвирани во судирите да ги започнат политичките преговори во согласност со иницијативите на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Либија Гасан Саламе и процесот на Берлинската конференција. 

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба на 8 јануари, во средата, во Истанбул, упатија повик до сите страни во Либија за прекин на огнот.

Откако овој повик беше прифатен од страна на Владата на национално единство која инаку е и меѓународно призната во Обединетите нации (ОН) и лидерот нелегитимните сили во источниот дел на Либија Халифа Хафтар, прекинот на огнот стапи на сила на 12 јануари во 00:01 часот по локално време.



Слични вести