Силите на Хафтар го прифатија повикот на Турција и Русија: Стапи на сила прекинот на огнот во Либија

Силите во источниот дел на Либија предводени од генералот пучист Халифа Хафтар го прифатија повикот на претседателот Ердоган и рускиот претседател Путин за прекин на огнот кој стапи на сила синоќа на 12 јануари во 00:01 часот по локално време

1339045
Силите на Хафтар го прифатија повикот на Турција и Русија: Стапи на сила прекинот на огнот во Либија

Повикот на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија, вроди со позитивен резултат.

Силите во источниот дел на Либија предводени од генералот пучист Халифа Хафтар го прифатија повикот за прекин на огнот. 

Прекинот на огнот стапи на сила синоќа на 12 јануари во 00:01 часот по локално време (01:00 часот по турско време).

Портпаролот на силите лојални на Хафтар, Ахмед ал-Мисмари во видео пораката што ја објави на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека „го прифаќаат прекинот на огнот во врска со операциите“ во западниот дел на Либија, но дека доколку спротивната страна го прекрши прекинот на огнот ќе дадат жесток одговор.

По стапувањето на сила од синоќа преовладее спокојство во либискиот главен град Триполи кадешто во последните 48 часа одекнуваа звуци од огнено оружје.

Прекинот на огнот беше прославен со радост и со огномет во главниот град Триполи.

Министерството за транспорт на Владата за национално единство на Либија, како меѓународно призната управа на земјата, соопшти дека повторно ќе биде отворен за воздушен сообраќај аеродромот Митига , единствената врата на главниот град Триполи којашто се отвора кон светот, кој беше затворен поради нападите на силите на Хафтар.

Исто така и италијнаскиот премиер Џузепе Конте кој во последните денови ги интензивира своите дипломатски иницијативи по прашањето со Либија, во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер ја изнесе следната констатација: „Силите на Хафтар го прифатија прекинот на огнот. Ова е првиот чекор во потрагата за политичко решение. Се уште има долг пат којшто треба да се помине по ова прашање, меѓутоа насоката е позитивна.“

Италијанскиот премиер Конте вчера по остварената средба со либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во Рим, водеше телефонски разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Претходно, Конте во средата го прими во Рим и генералот пучист Халифа Хафтар. 



Слични вести