Иранскиот претседател Рухани им се извини на Зеленски и Трудо за соборениот патнички авион

Иранскиот претседател Хасан Рухани им се извини на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на канадскиот премиер Џастин Трудо за соборениот по грешка патнички авион во кој загинаа вкупно 176 лица, од кои 167 патници и 9 членови на екипажот

1339138
Иранскиот претседател Рухани им се извини на Зеленски и Трудо за соборениот патнички авион

Иранскиот претседател Хасан Рухани му го достави своето извинување на украинскиот претседател Володирим Зеленски поради соборениот по грешка патнички авион на украинската авиокомпанија 

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на кабинетот на претседателот на Украина се истакнува дека претседателот Зеленски оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рухани. 

Во соопштението се вели дека во телефонскиот разговор стана збор за прашањето со соборениот по грешка патнички авион на украинската авиокомпанија од страна на Иран и се наведува следното:  "Рухани го изрази своето сочувство до украинскиот народ и до семејствата на загинатите. Рухани се извини во име на иранскиот народ во врска со трагедијата во која животот го загубија 176 лица. Рухани целосно го прифаќа тоа дека трагедијата се случила поради погрешните активности на неговата земја."

Во соопштението се вели дека иранските функционери ќе ги сметаат за одговорни лицата кои се виновни за соборувањето на авионот и се изнесува следната констатација: "Зеленски нагласи дека во најскоро време треба да бидат испратени во нивната земја мртвите тела на украинските граѓани кои го загубија животот во случајот."

Во соопштението се додава дека украинското министерство за надворешни работи ќе му достави нота на Иран за условите на отштета во врска со случајот. 

Иранскиот претседател Хасан Рухани и во остварениот телефонски разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо го достави своето жалење поради случајот.

Потсетувајќи дека ги издал неопходните инструкции за продолжување на техничките и правните испитувања, Рухани рече дека Иран во рамките на меѓународните закони со задоволство ја дочекува секој вид соработка за расветлување на овој случај.

Иранскиот претседател Хасан Рухани додаде дека Иран ги олеснува конзуларните работи и дека министрите за надворешни работи на двете земји се спремни за продолжување на преговорите.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го изрази своето жалење поради загинатите и истакна дека за разјаснување на причините на несреќата треба да се соработува и да се вложува напор.

Трудо го изрази задоволството од соработката на министрите за надворешни работи и олеснувањето на конзуларните услуги за граѓаните на Канада.



Слични вести