Нови санкции од САД против Иран по ракетниот напад врз двете американски бази во Ирак

Секретарот за трезор на САД Стивен Мнучин на одржаната прес конференција во Белата куќа истакна дека по реализираниот ракетен напад врз двете американски бази во Ирак се воведуваат дополнителни санкции против Иран

Нови санкции од САД против Иран по ракетниот напад врз двете американски бази во Ирак

Секретаријатот за трезор на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека по реализираниот ракетен напад врз двете бази во Ирак, се воведени нови санкции против Иран.

Секретарот за трезор Стивен Мнучин на одржаната прес конференција во Белата куќа рече: „По нападот на Иран против американските и сојузничките сили воведуваме дополнителни санкции против оваа земја.“

Мнучин нагласи се поставени на цел особено металната индустрија на Иран и иранските владини функционери поврзани со нападот за кој станува збор.

Во овие рамки, освен 17 фирми на Иран кои делуваат во секторите на алуминиумот, бакарот, железето и челикот, се воведени санкции и против 8 ирански високи функционери за кои се вели дека учествувале во организирањето на ракетниот напад врз двете бази во Ирак.

Американскиот претседател Доналд Трамп во дадената изјава во Белата куќа во четвртокот, по реализираниот напад врз двете бази во Ирак истакна дека  веднаш ќе бидат воведени нови санкции против Иран.



Слични вести