Земјотрес со јачина од 5.3 степени ја погоди Индонезија

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами не објави тревога за цунами по земјотресот

1338219
Земјотрес со јачина од 5.3 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди индонезиската провинција Северен Малуку.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Заводот за метеорологија, климатски промени и геофизика на Индонезија (БМКГ), епицентарот на земјотресот со јачина од 5,3 степени се наоѓаше на 91 км северозападно од крајбрежјето на градот Тобело. Земјотресот се случи на длабочина од 23 км.

Нема податоци во врска со загинатите и материјалната штета.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами не објави тревога за цунами по земјотресот.

Во земјотресот со јачина од 6,8 степени што се случи на 26 септември во Амбон, главниот град на провинцијата Малуку загинаа 36 лица.



Слични вести