Сомнителни тврдењата дека украинскиот авион паднал поради дефект

Трамп: „Постои можност одредени лица да направат грешка“

1338226
Сомнителни тврдењата дека украинскиот авион паднал поради дефект

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека постои сомневање дека украинскиот авион кој што падна во Иран, се сруши поради дефект.

На едно прашање на новинарите на прес конференцијата во Белата куќа во врска со украинскиот авион, Трамп рече дека постои силно сомнение дека авионот се урнал поради технички дефект.

„Постојат низа сомневања во врска со техничкиот дефект. Ова е навистина многу трагичен настан. Од друга страна постои можност одредени лица да направат грешка. Бидејќи авионот леташе над еден многу тежок регион. Постои можност некои во регионот да направат грешка. Некои лица тврдат дека авионот паднал поради механички дефект, што е големо прашање. (особено тврдењата дека постои можност Иран по грешка да го погоди авионот). Јас навистина не знам што се случи. Но имам лошо чувство. Мислам дека се случи нешто лошо“ рече Трамп.

Британскиот премиер Борис Џонсон упати повик истрагата во врска со уривањето на украинскиот авион да се оствари во голема транспарентност и безбедност.

Џонсон во изјавата во врска со уривањето на украинскиот авион Боинг 737 во кој загинаа 176 лица рече дека според информациите и податоците, авионот се срушил од ракетите кои биле исфрлени од страна на Иран. Тоа може да биде ненамерно“.

Еден од портпаролите на британската влада изјави дека „не сака да предизвика шпекулации, но извештаите кои што ги видовме навистина предизвикуваат голема загриженост“.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека според податоците на канадските разузнавачки служби, украинскиот авион бил соборен од ирански ракети.

На прес конференцијата во врска со информациите и податоците за уривањето на авионот, Трудо надоврзувајќи се на информациите на нашите и некои сојузнички разузнавачки служби рече:

„Според нашите разузнавачи информации, украинскиот авион беше срушен од страна на иранска ракета, но тоа може да биде ненамерно“.

Трудо не даде одговор на прашањата во врска со тоа со кој тип ракета и на кој начин бил срушен авионот, потенцирајќи дека се сигурни од големиот број разузнавачки информации и податоци што ги поседуваат.



Слични вести