Ле Дријан: Решението за кризата во Либија е можно со дијалог и политички процес

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан по остварените разговори во Тунис истакна дека решението за кризата во Либија е можно со дијалог и политички процес во кој ќе учествуваат соседните земји

1338121
Ле Дријан: Решението за кризата во Либија е можно со дијалог и политички процес

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан кој замина за официјални разговори во Тунис во дворецот Картагина во главниот град Тунис беше примен кај тунискиот претседател Кајс Саид. 

По приемот, шефот на француската дипломатија Ле Дријан во дадената изјава за печатот рече дека го информирал тунискиот претседател Кајс Саид во врска со разговорите по прашањето со Либија коишто беа одржани завчера во белгискиот главен град Брисел со европските и египетските функционери.

Велејќи дека на средбата беше разгледана и опасноста којашто ја создава затегнатоста во Либија во регионална смисла, Ле Дријан рече: "Нашиот заеднички приоритет со Тунис е да се воспостави стабилноста во Либија, почитувајќи го притоа меѓународниот легитимитет. 

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека решението за кризата во Либија е можно со дијалог и политички процес во кој ќе учествуваат соседните земји.

Потсетувајќи дека исто како и Тунис ѝ Франција ги поддржува напорите на Обединетите нации (ОН) за постигнување на соодветен меѓународен договор на Конференцијата во Берлин на која ќе се разгледа прашањето со Либија, Ле Дријан додаде дека излезот од кризата во Либија е можен со внатрешен дијалог во кој ќе учествуваат сите страни во земјата и со политички процес во кој ќе бидат вклучени соседните земји меѓу кои и Тунис.



Слични вести