Иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми: За да заврши затегнатоста, САД треба да се повлечат од регионот

Иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми оствари телефонски разговор со јапонскиот министер за одбрана Таро Коно и притоа истакна дека за да заврши затегнатоста на Блискиот исток Соединетите Американски Држави (САД) треба да се повлечат од регионот

1338584
Иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми: За да заврши затегнатоста, САД треба да се повлечат од регионот

Иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми истакна дека за да заврши затегнатоста на Блискиот исток Соединетите Американски Држави (САД) треба да се повлечат од регионот.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Иран, министерот Емир Хатеми оствари телефонски разговор со јапонскиот министер за одбрана Таро Коно.

Хатеми, убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани од страна на САД на ирачка територија го окарактеризира како „невидено слично извршено злосторство“ и „прекршување на резолуциите на Обединетите нации (ОН).

Емир Хатеми военото присуство на САД го оцени како основен фактор за присутната затегнатост во регионот и рече: „За намалување на затегнатоста во регионот и за воспоставување на стабилноста и безбедноста во најскоро време треба да заврши насилното и окупатроско присуство на САД.

Јапонскиот министер за одбрана Таро Коно пак, истакна дека неговата земја е спремна да одигра улога за намалување на затегнатоста во регионот.

Од друга страна, јапонските медиуми соопштија дека министерот за одбрана Коно со својот ирански колега Емир Хатеми разговарал за одлуката за испраќање на Сили за самоодбрана (SDF) за да се обезбеди безбедно пловење во регионалните води на трговските бродови кои се поврзани со Јапонија.

Притоа, иранскиот министер за одбрана Хатеми не дал одреден негативен одговор на одлуката на Јапонија за испраќање на свои војници во регионот.

Јапонската Влада на 27 декември го одобри испраќањето на Блискиот исток на војници од составот на Силите за самоодбрана (SDF). 

Силите на Јапонија составени од воениот брод од класата Таканами и од 260 војници во февруари ќе отпловат за регионот.



Слични вести