Демант од Иран на тврдењата дека патничкиот авион е соборен со ракета

Портпаролот на иранската Влада Али Реби истакна дека тврдењата за тоа оти патничкиот авион на украинската авиокомпанија бил погоден со ракета претставуваат психолошка операција и перцепција

1338435
Демант од Иран на тврдењата дека патничкиот авион е соборен со ракета

Портпаролот на иранската Влада Али Реби во објавеното писмено соопштение истакна дека Службата за цивилно воздухопловство на Иран согласно одлуката на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) формира комисија за истражување на несреќата со украинскиот патнички авион и дека случајот се истражува транспарентно, внимателно и по брза постапка.

Реби застана во одбрана на тоа дека тврдењата за тоа оти патничкиот авион на украинската авиокомпанија бил погоден со ракета претставуваат психолошка операција и перцепција.

Велејќи дека несреќата се истражува со сите свои поединости со учество на експерти од релевантни земји, Реби напомена дека во истрагата можат да бидат вклучени и Украина како земја сопственик на патничкиот авион, компанијата произведувач Боинг, производителот на моторот Франција и земјите чии државјани загинаа во инцидентот.

Портпаролот на иранската Влада Али Реби истакна дека по директива на претседателот Хасан Рухани се реализираат уредно и по брза постапка техничките испитувања и дека откако ќе бидат завршени резултатите ќе бидат соопштени.

Инаку, патничкиот авион од типот Боинг 737 на украинската авиокомпанија „Украина ерлајнс“ кој утрото на 8 јануари во средата од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран полета за главниот град на украина, Киев, кусо време по полетувањето се сруши во близина на Техеран и во несреќата загинаа сите 167 патници и 9 членови на екипажот, вкупно 176 лица колку што се наоѓаа во авионот.

Голем број американски функционери изјавија за медиумите на САД дека според проценките на американското разузнавање патничкиот авион од типот Боинг 737 на украинската авиокомпанија кој леташе од Техеран за Киев е соборен со едната од истреланите ракети од страна на Иран.

Меѓу загинатите патници се наоѓаа државјани од Иран, Канада, Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

 



Слични вести