Ден на национална жалост во Иран за загинатите во стампедото и во авионската несреќа

По смртта на 56 лица на погребната церемонија на Касим Сулејмани завчера и вчерашната авионска несреќа на украинскиот патнички авион кој се сруши во близина на Техеран во која загинаа 176 лица, денеска е ден на национална жалост во Иран

1337559
Ден на национална жалост во Иран за загинатите во стампедото и во авионската несреќа

Иранската влада прогласи еднодневна национална жалост за загинатите во стампедото до коешто дојде завчера на погребот на командантот на Силите „Кудс“ поврзани со Иранската Револуционерна гарда генералот Касим Сулејмани кој беше убиен во воздушен напад на САД во Багдад и за загинатите во вчерашната авионска несреќа во близина на иранскиот главен град Техеран. 

Портпаролот на иранската Влада Али Реби во објавеното соопштение на својот официјален профил на социјалната медија соопшти дека по смртта на 56 лица на погребната церемонија на Касим Сулејмани завчера и вчерашната авионска несреќа со украинскиот патнички авион кој се сруши во близина на Техеран во која загинаа 176 лица, е прогласен ден на национална жалост во Иран, денеска.

Инаку, во стампедото до кое што дојде завчера на погребната церемонија на убиениот ирански генерал Касим Сулејмани во воздушен напад на САД, во неговиот роден град Кирман загинаа 56 лица, а приближно 213 лица беа повредени.

Вчера рано утрото пак, патнички авион од типот Боинг 737 којшто од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ леташе за главниот град на Украина, Киев, кусо време по полетувањето се урна во близина на Техеран и во несреќата животот го загубија 167 патници и 9 членови на екипажот, вкупно 176 лица колку што се наоѓаа во авионот.

 



Слични вести