Во срушениот украински патнички авиони кај Техеран имало вкупно 176 лица

Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека во срушениот патнички авион кој летал од Техеран за украинскиот главен град Киев се наоѓале вкупно 176 лица од кои 167 патници и 9 членови на екипажот

1336983
Во срушениот украински патнички авиони кај Техеран имало вкупно 176 лица

Разјаснет точниот број на лицата кои се наоѓале во срушениот патнички авион од типот Боинг 737 во сопственост на украинската авиокомпанија „Ukrainian Airlines“ кој утрово кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран, падна во областа Паранд во близина на иранскиот главен град.

Како што се истакнува во срушениот патнички авион кој летал од Техеран за украинскиот главен град Киев се наоѓале вкупно 176 лица од кои 167 патници и 9 членови на екипажот.

Претходно беше соопштено дека во авионот имало вкупно 180 лица од кои 170 патници и 10 членови на екипажот.

Соопштението за точниот број на лицата во авионот пристигна од украинското министерство за надворешни работи.

Според тоа, во авионот имало вкупно 176 лица од кои 167 патници и 9 членови на екипажот и тоа 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, 10 Швеѓани, 4 Авганистанци, 3 Германци и 3 Англичани.

Двајца од 11-те загинати Украинци биле патници, а 9 биле членови на екипажот.

Иранската државна телевизија ја сподели информацијата дека нема преживеани  во несреќата.

Во меѓувреме, Хасан Ризаји Ферд, еден од функционерите на Службата за цивилно воздухопловство на Иран, соопшти дека се пронајдени и двете црни кутии на авионот.

Тој истакна дека и двете црни кутии биле оштетени, но дека мемориите на кутиите се здрави.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето сочувство до блиските на загинатите патничкиот авион на украинската авиокомпанија „Ukrainian Airlines“ кој утрово се сруши во близина на иранскиот главен град Техерен, кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ .

Зеленски, падот на украинскиот патнички авион во Техеран го окарактеризира како „Страотна вест на Блискиот исток“.

Велејќи дека според првични добиени информации во несреќата животот го загубиле сите патници и членови на екипажот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го рече следното: „Нашата Амбасада ги разјаснува информациите во врска со трагедијата и списокот со имињата на загинатите. Го изразувам моето сочувство до семејствата и блиските на сите загинати патници и членови на екипажот.“

Зеленски во објавеното соопштение на својот официјален профил на социјалната медија истакна дека се следат сите случувања во врска со случајот и рече: „Се до објавување на официјалните изјави ги повикувам сите да избегнуваат од изнесување на шпекулации и да доставуваат непотврдени информации во рвска со случајот.“

Исто така и во објавеното соопштение од службата за печат на украинската меѓународна авиокомпанија се истакнува дека за неодредено време се сопрени авионските летови за Техеран.

И Украинскиот премиер Алексеј Гончарук соопшти дека авиокомпаниите на Украина донесоа одлука за стопирање на летовите над воздушниот простор на Иран.



Слични вести