Сочувство од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради загинатите во авионската несреќа кај Техеран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето сочувство поради загинатите во авионската несреќа на украинскиот патнички авион во близина на Техеран во која според првични информации загинаа сите 180 лица колку што се наоѓале во авионот

1336752
Сочувство од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради загинатите во авионската несреќа кај Техеран
uçak.jpg
Ukrayna uçağı tahran.jpg
uçak.jpg

Патнички авион од типот Боинг 737 во сопственост на украинската авиокомпанија се сруши кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ утрово во главниот град на Иран, Техеран. 

Како што се истакнува, во несреќата нема преживеани од 180 лица колку што се наоѓале вкупно во авионот, од кои 170 патници 10 членови на екипажот.

Некои извори пак, соопштуваат дека се пронајдени мртвите тела на 176 лица и дека 4 лица можеби ја преживеале несреќата.

Патничкиот авион од типот Боинг 737 кој од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ на 40 километри јужно од главниот град на Иран, Техеран, леташе за украинскиот главен град Киев, кусо време по полетувањето се урна во областа Паранд во близина на Техеран.

Во срушениот авион се наоѓале вкупно 180 лица од кои 170 патници и 10 членови на екипажот.

Според првични добиени информации, како што се наведува авионот се срушил поради технички проблем, додека веднаш во областа каде што паднал биле испратени противпожарни и медицински екипи.

Иранската државна телевизија ја сподели информацијата дека нема преживеани  во несреќата.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во авионската несреќа.

Зеленски, падот на украинскиот патнички авион во близина на Техеран го окарактеризира како „Страотна вест на Блискиот исток“.

Велејќи дека според првични добиени информации во несреќата животот го загубиле сите патници и членови на екипажот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го рече следното: „Нашата Амбасада ги разјаснува информациите во врска со трагедијата и списокот со имињата на загинатите. Го изразувам моето сочувство до семејствата и блиските на сите загинати патници и членови на екипажот.“



Слични вести