Реакција од Ирак против иранските ракетни напади врз целите на САД

Претседателот на Ирак Бархам Салих и претседателот на Парламентот Мухамед ел-Халбуси истакнаа дека го осудуваат иранскиот напад и дека не сакаат нивната земја да биде претворена во бојно поле

1337314
Реакција од Ирак против иранските ракетни напади врз целите на САД

Ирачкиот претседател Бархам Салих објави писмено соопштение во врска со извршените ракетни напади врз цели на Соединетите Американски Држави (САД) во Ирак.

Салих истакна дека не сакаат нивната земја да биде претворена во бојно поле.

Изнесувајќи ја констатацијата "Со загриженост ги следиме опасните случувања коишто започнаа во регионот", Салих рече: "Го осудуваме иранскиот напад чија цел беа воените позиции на ирачките територии."

Бархам Салих подвлече дека нападите претставуваат прекршување на суверенитетот на Ирак и ги рече следното: "Не го прифаќаме тоа конфликтните страни да ја претворат нашата земја во бојно поле."

Привлекувајќи внимание дека коалиционите сили присуствуваат во Ирак во рамките на постигнатите договори, Салих продолжи со следните зборови: "Присуството на коалиционите сили во Ирак е внатрешно прашање на Ирак и ги засега ирачката влада и Парламентот. Ги повикуваме сите да покажат здрав разум и да му придадат значење на дијалогот. Повикуваме да се откажат од вовлекување на една отворена војна којашто им се заканува на земјата, безбедноста и стабилноста на регионот."

Воедно и претседателот на ирачкиот Парламент Мухамед ел-Халбуси објави писмено соопштение во кое ја повика владата да преземе задача за одбрана на суверенитетот на земјата и држење далеку од судири. 

Халбуси рече: "Го осудуваме нападот од страна на Иран и негираме страните да го доведат Ирак во сфера на конфликт."



Слични вести