Продолжуваат да пристигнуваат закани од Иран против САД

По убиството на иранскиот генерал Касим Сулејман, командантот на Силите „Кудс“, во реализиран воздушен напад од страна на САД, синоќа Иран изврши одмазднички ракетни напади врз 2 американски воени бази во Ирак

1337091
Продолжуваат да пристигнуваат закани од Иран против САД

По извршените одмазднички ракетни напади од страна на Иран врз американските воени бази во Ирак, во објавеното соопштение од канцеларијата на иранскиот верски лидер Али Хамнеи им се одделува место на следните негови зборови: „Извршените ракетни напади беа најслабото сценарио на Иран за одговор.“

Хусаметин Ашена, еден од советниците на иранскиот претседател Хасан Рухани пак, рече: „Евентуалната воена акција на САД, ќе стане причина за тотална војна во регионот.“  

Исто така и иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече дека Иран го изврши нападот во рамките на членот 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН), а како што наведе за да се одбрани себе си од напад врз неговите граѓани.

Зариф во своето објавено соопштение преку социјалните медиуми го истакна следното: „Ние не сакаме затегнатост или војна, меѓутоа доколку дојде до одреден напад ќе се одбраниме себе си.“

Инаку, Иранската Револуционерна армија на воздушниот напад на САД во кој во петокот беше убиен генералот Касим Сулејман, командантот на Силите „Кудс“, синоќа одговори со ракетни напади врз 2 воени бази на САД во Ирак.

Од иранска страна се тврди дека во овие ракетни напади се убиени 80 американски војници.



Слични вести