Патнички авион се урна во близина на Техеран: Нема преживеани во несреќата

Иранската државна телевизија соопшти дека украински патнички авион 7 кој полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран и патувал за главниот град на Украина, Киев, кусо време по полетувањето се урнал и немало преживеани во несреќата

1336535
Патнички авион се урна во близина на Техеран: Нема преживеани во несреќата

Патнички авион од типот Боинг 737 во сопственост на украинската авиокомпанија се сруши кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во главниот град на Иран, Техеран. 

Во несреќата загинаа 176 лица колку што се наоѓаа во авионот од кои 167 патници и 9 членови на екипажот.

Според веста на иранската државна телевизија, патничкиот авион од типот Боинг 737 кој полетал од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран и патувал за главниот град на Украина, Киев, кусо време по полетувањето се урнал поради технички проблем. 

Нема преживеани од 167 патници и 9 членови на екипажот, вкупно 176 лица колку што се наоѓале во срушениот авион.
 



Слични вести