НАТО привремено го премести местото на американскиот персонал во Ирак

„Безбедноста на персоналот има големо значење“ рече претставник на НАТО

1337066
НАТО привремено го премести местото на американскиот персонал во Ирак

НАТО привремено го премести местото на дел од американскиот персонал во Ирак кој во оваа земја престојува во рамките на мисијата за обука на ирачките војници.

Претставник на НАТО во изјавата за печатот рече дека безбедноста на персоналот има големо значење.

Затоа Алијансата привремено ги суспендира активностите во рамките на мисијата за обука во Ирак, потсети претставникот на НАТО и додаде дека се преземени сите потребни мерки за обезбедување на безбедноста на персоналот.

„Привремено ги преместуваме местата и позициите на американскиот воен персонал како во Ирак така и надвор од Ирак“ рече претставникот на НАТО.

Во период кога ќе се подобри безбедносната состојба, НАТО е спремен повторно да ги започнеме активностите во рамките на обуката. Алијансата е решителна во борбата против меѓународниот тероризам.

Поради безбедноста на воениот персонал, не можам да дадам поопширни информации“ додаде претставникот на НАТО.



Слични вести